Добивај вести на Viber
За новогодишните празници, Здружението на пензионери од Ѓорче Петров ќе доделува помош за пензионерите со ниски пензии. Како што појаснуваат од здружението, на 210 членови ќе им бидат дадени ваучери во вредност од 2.000 денари кои ќе можат да се искористат во текот на идната година, а со кои пензионерите ќе имаат попуст од 3 проценти на секоја направена сметка.
Идната година пак, пензионерите од оваа општина подготвуваат проект „Социјална карта на пензионерите во Ѓорче Петров“. Планот е на сите пензионери од општината со ниски примања да им се помага со пари од касата на здружението, од општината и од спонзори.
Здружението на пензионери во Ѓорче Петров има 6.500 члена.