Новости и поволности од Фабрика Карпош на Саемот на градежништво
Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017 10:55
„Тимот на Фабрика Карпош ќе можете да го најдете од 28.02 до 04.03 во хала 1. Ќе претставиме зошто Александрија е идеалниот избор со сите еколошки, економски и социјални бенефити, како една алтернатива на скопската реалност.

Близината на реката Лепенец, најсовремените методи на градење, еколошките материјали, енергетската ефикасности пријатната микроклима ја прават Александрија уникатна населба каква на Скопје одамна му недостасуваше.Ќе ја претставиме и 5-та зграда во рамките на населбата, Атриа, со која што ќе понудиме нов, уште повисок стандард на домување. Ги покануваме граѓаните да го посетат нашиот штанд и да се информираат за предностите од живеењето во ваква населба, а за сите кои што ќе ја изберат Александрија за нов дом обезбедивме многу попусти и награди.“ – објаснуваат од Фабрика Карпош.
Населбата Александрија е лоцирана на само 5км од центарот на Скопје, во општина Ѓорче Петров, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае која ќе се простира на површина од 150 000м2. Предвидено е да се изградат станбени згради, градинка, булевар, болница, и многу други содржини неопходни за квалитетен живот на станарите.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




