НСДП: Груевски е најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Македонија
Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 18:05
НСДП апелира во најбрз можен рок да се формира новата реформска Влада, која, својот неспорен легитимитет ќе го темели на резултатите од парламентарните избори, и со тоа во Македонија да отпочнат процесите на возобновување на демократијата и институциите на системот.
„Сосема јасно е дека тие процеси Груевски и тие околу него ги доживуваат фаталистички за својата лична политичка иднина, и на сите можни начини ќе се обидуваат да ги одложат, но тоа е неминовниот пат кој избраа граѓаните на Македонија, од кој нема назад. Тоа треба да го сфатат и неговите сопартијци во ВМРО-ДПМНЕ и да го дадат својот личен придонес преку отпочнување на процес на внатепартиски реформи, затоа што само на тој начин Македонија може да се врати на евро-атланските патишта и да се спаси од пропаста кон која ја води нивниот актуелен лидер“, се наведува во реакцијата на НСДП.
НСДП смета дека најголемата закана за безбедноста, стабилноста и унитарниот карактер на Република Македонија е лично Никола Груевски. Тој уште еднаш, по кој знае кој пат, покажа дека својата лична политичка трагедија сака да ја колективизира за да се спаси себеси и тие околу него од правната одговорност за сите злодела кои ги направија на граѓаните во изминатава деценија.
„Резултатите од изборите на 11 декември сосема јасно ја поставија формулата за решение и излез од политичката криза, а тој и ВМРО-ДПМНЕ не се дел од неа. Тоа е прашање на математика, а не на лични стравови и политички желби да се блокираат процесите на профункционирање на правниот систем. Токму тој нарушен политички комодидет Груевски очајнички се обидува да го прикрие со манипулативен политички вокабулар исполнет со омраза и меѓуетничка поларизација и поделба.
Тезите дека некој подготвува федерализација на Македонија, воведување на паралелни институции, на промена на знаме и химна, и дека истите тие може да се реализираат без поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, зборуваат за една виртуелна политичка реалноста која пропагандната машина се обидува да ја искористи за да се затскрие политичкиот очајник на кого личната слобода и нелегално стекнатото богатство му се помили од било што друго“, се наведува во реакцијата на НСДП.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




