Обама е уверен дека „Исламска држава“ ќе биде поразена
Објавено во: Свет 08 Јуни, 2015 18:25
Американскиот претседател Барак Обама изразил увереност дека групата „Исламска држава“ на крајот ќе биде поразена и избркана од Ирак, но според него тоа нема да биде лесно и ќе биде потребно време, пренесоа светските агенции.
Обама изјавил дека се уште има значителни предизвици во Ирак, каде што „Исламска држава“ контролира големи територии, а неодамна го зазеде важниот град Рамади.
Според него, сепак успехот против групата ќе зависи од ефикасна меѓународна коалиција, поддржувана од ирачкиот премиер Хајдер ал Абад.
Обама додал дека е „целосно уверен во успехот“, ако меѓународната коалиција го поддржува Абад, а ирачкиот премиер ја има владата која ги претставува сите.
Абад му се заблагодари на американскиот претседател и лидерите од Г-7 за нивната поддршка и изрази уверување во конечната победа. Обама изјавил на средба со Абад на форумот на Г-7 во Германија дека заземањето на Рамади од „Исламска држава“ може да е краток тактички успех.
Ирачкиот премиер ја повика меѓународната заедница да помогне во тоа да се спречи групата да заработува од шверц со нафта.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




