16 Декември, 2025
0.0532

Обама ја повика Грција да започне со реформи

Објавено во: Балкан, Свет 17 Април, 2015 21:55

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател се состана за кратко со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во Белата куќа.

Грција треба да преземе реформи за да го стабилизира разнишаниот финансиски систем. Тоа, го изјавил американскиот претседател Барак Обама по кратка средба со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во Белата куќа по повод Денот на независноста на Грција.

Шефот на државата на САД додаде дека властите во Атина треба да преземат мерки за поголема наплата на даноците, намалување на бирократијата и создавање работни места.

Изјавата на Обама доаѓа во време на предупредувањата дека Атина е повторно на работ на банкрот. Земјата одбива да го потпише договорот за порамнување на нејзиниот долг, а Меѓународниот монетарен фонд одби нејзино дополнително време за претстојните исплати.

Сето ова предизвикува загриженост дека грчката влада нема да може да ги изврши следните плаќања кон Фондот во мај, кои изнесуваат вкупно околу 1 милијарда долари.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството