Обама му се закани на Путин: Не помислувај да тргнеш кон Балтичките земји!
Објавено во: Свет 03 Септември, 2014 15:41
Американскиот претседател Барак Обама пред заминувањето на самитот на НАТО во Велс, ја посетил Естонија како би се состанал со тамошните функционери и претседателот Томас Хендриксон Илвес и отворено му порачал на рускиот лидер Владимир Путин да не се осудува да тргне на таа земја, но и на останатите балтички држави.
Информацијата за Обамината посета со големо воодушевување ја пренесоа естонските медиуми, кои истакнале дека доаѓањето на лидерот на САД во нивната земја во момент на драматични случувања во Украина е од суштинска важност за нивната безбедност.
Имено, откако од февруари се интензивираше кризата во Украина и откако полуостровот Крим се отцепи од таа земја и приспои на Русија, останатите балтички земји почнале да се плашат од Русија.
Нивните претставници истакнале дека Путин лесно би можел после Крим и источна Украина да тргне и кон нив.
-Путин силно би сакал да го дискредитира НАТО, барем со еден напад на нејзината најслаба членка - рекол аналитичарот Томас Рајт.
Од избивањето на украинската криза САД го појачаа военото присуство во регионот на балтичките земји.
Во мај се пратени 600 падобранци на воените вежби во Полска и на Балтикот и стациоирале 150 американски војници во естонската воздушна база, а во јули се распоредиле борбени авиони F-15.
Естонија вчера официјално го повика и НАТО да постави нејзини воени бази на нејзината територија како би се одбранила од Русија.
Инаку, сите затегнати односи во Европа достигнале јака точка на пукање ога медиумите ја пренесоа веста дека Путин во телефонски разговор со Жозе Мануел Баросо рекол дека може да го покори Киев за само две недели доколку тоа би го сакал.
Цел свет жестоко реагираше на таа изјава, но вчера претставници од Кремњ истакнале дека тие се извлечени од контекст.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




