18 Декември, 2025
0.0590

Обама потпиша, од буџетот се кратат 85 милијарди долари

Објавено во: Свет 02 Март, 2013 10:27

Добивај вести на Viber

Доцна синоќа американскиот претседател Барак Обама го потпиша налогот за буџетските кратења од 85 милијарди долари во владините трошоци, познати како „секвестер“. Претходно тој пред нацијата изјави дека мерките за штедење ќе ја погодат економијата, ама земјата ќе го преброди и тоа. „Нема да настане апокалипса, као што некои луѓе велат. Ова е глупост и ќе боли, ќе има последици", изјави Обама и ја обвини републиканската опозиција за секвестерот велејќи дека не сакале дополнително да ги зголемат даноците за компаниите и побогатите Американци. „Тие дозволија да се случат кратењата на буџетот бидејќи одбиваат да попуштат и не сакаат да затворат ниту една од штетните даночни дупки за да помогнат да се намали буџетскиот дефицит. Решија да ги заштитат даночните олеснувања за богатите и добро поврзаните лица, и според нив, тоа изгледа е поважно отколку да ја заштитат нашата армија и семејствата од средната класа од болката која ќе произлезе од овие кратења“, обвини американскиот претседател. Првите луѓе на Републиканската партија во Конгресот, Џон Бојнер и Мич Меконол, во вчерашната средба со Обама, потсетија дека претседателот веќе доби покачување на даноците во буџетските преговори околу Нова година, и дека сега на ред е планираното намалување на буџетот. Секвестерот беше договорен во 2011 година, како дел од преговорите околу продолжувањето на задолжувањето на САД, кои веќе имаат рекорден долг од 16,6 трилиони долари. Мајкл Блумберг: САД не треба да се грижат поради својот долг Според градоначалникот на Њујорк и мултимилијардер, Мајкл Блумберг, САД не треба да се грижат за долгот, бидејќи немаат проблем со наоѓањето на држави и финансиски институции спремни да им позајмат повеќе пари. „Има луѓе кои се подготвени на Владата на САД да и позајмуваат неограничени количества на пари. Нашиот долг е толку голем, што на нашите заемодавачи им е неприфатливо да престанат да ни позајмуваат пари. Како во старата приказна, ако и должиш на банката 50.000 долари, имаш проблем со неа. Ако и должиш 50 милиони долари, тогаш банката има проблем со тебе. Така е и со нашите заемодавачи, не смеат да престанат да ни позајмуваат пари“, изјави Блумберг.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина