16 Декември, 2025
0.0412

Обама: САД подготвени да помогнат за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Објавено во: Свет 11 Јули, 2014 10:42

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и изразил подговеност САД да помогнат во постигнување на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Обама се слушнал со Нетанјаху во момент кога Израел ги интензивираше нападите врз Појасот Газа, во обид да одговори на ракетирањето на израелска територија од страна на Хамас. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател го осудил ракетирањето и рекол дека Израел има право на самоодбрана. Но, тој исто така апелирал до двете страни да не ја ескалираат дополнително кризата и повторно да го воспостават нарушеното примирје. На терен, судирите меѓу Израелците и Палестинците продолжуваат со несмалена жестокост. Три лица се повредени кога ракета на Хамас погодила бензинска пумпа на југот на Израел. Нападот се случил во јужното пристаниште Ашдод. Од друга страна, шестмина Палестинци загинаа во два израелски напади врз куќи во Појасот Газа. Меѓу загинатите е и една жена, а повредени се 15 лица. Цел на нападот била куќата на еден припадник на палестинското радикално движење Хамас.  

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“