Добивај вести на Viber
Финансиски средства во висина од 10,7 милиони евра со мошне поволни услови, како што е ниска каматна стапка и грејс период им се става на располагање на македонските земјоделци преку Македонската банка за поддршка на развојот.
Ова денеска го најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој нагласи дека станува збор за финансиски инструмент во вкупна вредност од 10,7 милиони евра.
-Акцентот го ставаме на финанскиот инструмент на МБПР во вкупна вредност од 10,7 милиони евра, средства кои може да ги користат земјоделците како за основно земјоделство производство така и за откуп, преработувачка и извоз на земјоделските производи“, рече Ѓорѓиев.
Каматната стапка, како што рече тој, е најниска не само во земјава, туку и во регионот и изнесува, само три отсто, а максималниот лимит на кредитна транша по земјоделец е 300.000 евра за основно земјоделско производство, односно 500.000 евра за откуп, преработка и извоз на земјоделските производи.
-Доколку земјоделецот се одлучи за рок од 18 месеци, грејс период е шест месеци, а доколку е пет години, грејс перидот е една година“, рече Ѓорѓиев, додавајќи дека не треба да се аплицира преку деловните банки, туку директно во МБПР, со што се зголемува ефикасност и ефективноста на реализацијата на кредитните барања.
Вториот инструмент, како што рече владиниот портпарол, ќе се реализира преку земјоделскиот гарантен фонд каде се финансираа проекти до 100.000 евра, за обртни средства, а се реализира во соработка со деловните банки и штедилиниците.
-Каматата од 4 5 проценти е доколку се оди преку банките, а шест проценти штедилниците “, рече Ѓорѓиев, најавувајќи го третиот инструмент кој е е голема кредитна линија на реверзбибилен кредит во висина од 100 милиони евра со камата од 5,5 отсто.
Овој кредит, како што рече Ѓорѓиев, најчесто го користат поголемите змејоделски компании за покрупни инвестиции, а се добива преку деловните банки каде се прецизираат останатите услови.
Досега се искористени 50 милиони евра, а во фаза на обработка се барања во висина од 17 милиони евра, со што има на располагање уште околу 33 милиони евра кои може да се искористат.
-Од првиот инструмент од 10,7 милиони евра, искористени 3,9 милиони евра најчесто за гројзе, житни култури и рано градинарски култури каде остануваат околу 6,3 милиони евра кои земјоделците може да ги добијат“, додаде портпаролот на влада.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.