Обезбедете ја својата иднина - Придобивки од штедењето во банка
Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2024 14:19
Иако постојат различни начини да сештеди, штедењето во банка нуди неспоредливи предности во однос на сите други. На врвот на листата е безбедноста и сигурноста на вашите средства. Чувањето пари дома или како што вели нашиот народ „под перница“ е ранливо на кражба, загуба или штета, додека банките овозможуваат безбедна средина и осигурително покритие, што ги прави вашите средства заштитени од непредвидливи околности.
Освен тоа, банките нудат каматни стапки на штедните влогови, овозможувајќи им на вашите пари да растат со текот на времето. Ова значи дека додека штедите, вашите средства не се во мирување туку активно заработуваат преку каматните стапки. Ова може значително да ги зголеми вашите заштеди на долг рок, помагајќи ви да ги остварите вашите финансиски цели.
Последно, но не помалку важно, со депонирање на вашите
заштеди во банка, вие придонесувате
и за целокупната стабилност на финансискиот системи циклусот на
економски раст и развој, во корист на пошироката заедница.
Па така, ако успеваме да ве убедиме во предностите на банкарското штедење и сте чекор поблиску до одлуката да ги орочите вашите слободни средства, задолжително погледнете ја промотивната понуда за депозити за физички лица на НЛБ Банка со атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра.
Дизајнирани за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своите средства, СУПЕР Депозити на НЛБ Банка нудат конкурентни каматни стапки и сигурност на штедните влогови.
Промоцијата која се однесува на ново-склучени договори за штедење е во тек, а со важност до крајот на септември и нуди депозитни продукти со фиксни каматни стапки и тоа, за депозити во денари до 4%, и за депозити во евра до 3%, со рок на орочување до 25 месеци. Задолжително погледенете ги и останатите периоди на рочност и каматните стапки за секој од нив, сигурни сме дека ќе ја најдете понудата која токму вам најмногу ви одговара.
Ако сте нов штедач во НЛБ Банка, важно е да знаете дека отворањето на депозитна сметка во Банката е брз и едноставен процес. Едноставно, посетете ја која било експозитура на Банката и ќедобиете персонализирана услуга и значајни финансиски совети кои ќе випомогнат да ја изберете вистинската опција за депозит.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит
