18 Јануари, 2025
0.0370

Обиколницата која му пресуди на Стајковци ќе се обнови без ново решение за одвод на атмосферски води

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Скопската обиколница која однесе и речиси најмногу човечки животи за санација ќе лапне 220.338.983,00 денари или околу 3,6 милиони евра.

Фирмата „Трансмет“ ќе го обновува автопатот кој му пресуди на Стајковци за време на поплавите во август годинава.

Итноста од санација на обиколницата е оправдувањето на Јавното претпријатие за државни патишта за изборот на фирмата на бизнисменот Сеад Кочан без тендер.

Според најавите 28 месеци ќе бидат потребни за целосна реконструкција на обиколницата, но сепак она што повторно ја заинтригира јавноста е тоа што целиот процес ќе се одвива без ново решение за одвод на атмосферските води.

„Сакаме да појасниме дека во самиот проект за изградба на Обиколницата е предвиден систем за прифаќање на отпадните води и тој веќе е изграден. За изградба на дополнителен систем или ново решение, ЈП за државни патишта нема законска надлежност“, рекле од оваа институција во одговор на прашање од порталот СДК.мк.

Дали имало пропуст во изградбата на обиколницата и дали некој ќе одговара се прашања што си ги постваува јавноста

Експертите бо август после поплавите за Фактор сведочеа за големи пропусти што доведоа до оваа ситуација. Катастрофата беше најголема на скопската северна обиколница. Поројните дождови ги носеа и ги расфрлија автомобилите низ нивите, автопатот се распука, банкините се скршија. Многу луѓе токму на оваа место едвај се спасија, а дел од загинатите токму на ова место ги загубија животите. 

Зошто оваа обиколница беше црна точка и најпогодена, кој треба да понесе одговорност, дали има грешки во градбата, дали се внимавало на одводните канали? 

„Морало да се води сметка дека со оглед на тоа каква е конфигурацијата на теренот источно и североисточно од обиколницата мора да постојат соодветни водозафати покрај автопатот, под автопатот и тие да продолжуваат кон поголемите собирни дренажни канали, реки кои би се одведувала водата кон главниот рецепиент, а тоа е реката Вардар. Но овие работи не се исполнети. Не знам со колкав точно проток се сметало кога е градена обиколницата но вообичано треба да се земе и можноста за ваква количина на врнежи, 90 па дури и до 120 милиметри на метар квадратен дневно и при тоа да имало соодветна димензионираност на одводните канали под сообраќајницата но и возводно кон самите порои мислам дека многу полесно ќе дојде до протекување на водата во поголемите дренажни канали а преку нив до реката Вардар. Вака се направи еден застој кој што предизвика натрупување на огромна количина на вода, според нашите проценки околу два до три милиони метри кубни вода од обиколницата до подножјето на Скопска Црна Гора што е навистина како една помала вештачка акумулација, и тоа предизвика огромена водопропустна моќ и уништување од такви размери, рече тогаш универзитетскиот професор Милевски. 

Живко Велјановски, универзитетски професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација во изјава за „Фактор“ пак изјави дека во проектирањето на скопската обиколница се направени пропусти. 

„Знам дека ние, како Градежен факултет бевме ревизија на основниот проект за скопската обиколница.. Колку што се сеќавам ние професорите во нашата ревизија на основниот проект на обиколницата, баравме да се прифатат атмосферските води од над обиколницита, да не одат под патот и директно водите да се слеваат во Стајковци, туку инсистиравме да се обезбеди тие атмосферски води да не одат ниту над, ниту под патот, туку да се направи проект за да тие води се слеваат на безбедно, во Вардар. Одговорот тогаш беше дека ќе се направи проект, но колку што се сеќавам таков проект кај нас не беше дојден на ревизија. Не знам и не можам да кажам дали сега поплавите во Стајковци се токму поради ова“, изјави Велјановски. 

Инвестицијата на скопската обиколница изнесува 135 милиони евра. Таа е во должина од 26,7 километри, а беше пуштена во употреба во 2009 година.Свеченото отворање го означи тогашниот премиер Никола Груевски. Делницата е дел од Коридорот 8 и ќе ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Надлежните тврдат дека оваа обиколница е градена според сите градежни стандарди. 

Можеби ќе ве интересира

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„НЕЛИ ИМАТЕ СИГУРНО МНОЗИНСТВО? ТЕРАЈТЕ, ЗАЕДНО СО ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ“: Ванковска распали за пратениците на „Знам“

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

„СДСМ НЕПОТРЕБНО ГО ПРЕИМЕНУВА АВТОПАТОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЈАТЕЛСТВО“: Груевски кажа зошто ги именувал автопатите така како што ги именувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?