Објавен оглас за помош за млади земјоделци
Објавено во: Агробизнис 18 Мај, 2013 19:35
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 „Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“ .
Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, обрасците „Упатство за корисници“, „Деловен план“ и „Барање за користење на средства“ со листата на потребни документи можат да се подигнат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk
Пополнетите барања се доставуваат по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата за мерката 112 е 18 јуни 2013 година.
Подетални информации заинтересираните можат да добијат во контакт центарот на Агенцијата на тел. (02) 3097-460 или на контакт e-mail адреса ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk, како и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





