Објавени измените, сите домаќинства, згради и мали фирми од 1 јули ќе може да продаваат електрична енергија
Објавено во: Економија 17 Јуни, 2022 07:30
Измените на Правилникот за обновливи извори на енергија излегоа во Службен весник и тоа значи дека од 1 јули се отвара патот за поголемо искористување на сончевата енергија. Нема ограничувања за тоа кој се може да му продава електрична енергија на универзалниот снабдувач, во случајот ЕВН.
Според измените, струја нема да може да продава во електродистрибутивната мрежа само оној кој нема договор, односно оној кој е приклучен на снабдувачот во краен случај. Секое домаќинство и станбени згради за колективно домување, како и фирмите, поединците и буџетските корисници ќе може со поставените фотоволтаици да произведуваат електрична енергија и вишокот да го продаваат.
Домаќинствата и зградите ќе може да инсталираат постројки до 6 киловати, со тоа што зградите ќе може да ја користат електричната енергија само за заедничките делови. Фирмите, односно малите потрошувачи, ќе може да инсталираат фотоволтаици до 40 киловати.
Универзалниот снабдувач, во случајот ЕВН, ќе им ја откупува електричната енергија по просечна продажна цена за домаќинствата и малите потрошувачи а пресметковниот период ќе трае шест месеци, од кои првиот од јануари до јуни и вториот од јули до декември.
Стручњаците по оваа проблематика велат дека со овие измени се олеснуваат процедурите и особено поволностите за претпријатијата ќе бидат значајни за економијата. Околностите би биле уште подобри доколку се остварат најавите за сеопфатно субвенционирање од страна на Владата со исплати до 1.000 евра по систем. Експертите сепак велат дека државата треба да ги стимулира на ваков начин и хибридните модели на обновливи извори на енергија.
Според претходното мислење на министерот за економија Крешник Бектеши, со измените ќе им се овозможи на потрошувачите кои се воедно снабдувачи да ја задоволат својата потрошувачка и да се пласира поголема количина во мрежата.
„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да го преземе вишокот на електрична енергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот, да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти“, рече Бектеши.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




