Објавени победниците на HUAWEI NEXT IMAGE Awards за 2022 година

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2023
HUAWEI NEXT IMAGE Awards 2022, годишниот натпревар за фотографија на паметни телефони на Huawei, имаше за цел да ја прикаже улогата на мобилната фотографија во секојдневниот живот, преку прикажување извонредни дела и човечки искуства. Овој натпревар вклучуваше категориишто се однесуваат на популарни теми, вклучувајќи ги следните: Perfect Leap, Colourful World, Natural Vientiane, Family Bonds,Animal Perspective.Најпопуларните 3 модели на телефони во однос на бројот на пријавени се HUAWEI P40 Pro, HUAWEI P30 Pro и HUAWEI P50 Pro, а најголем број на дела поднесоа учесници од Кина, Филипините, Египет, Индонезија, Полска и Италија.
Добитници на Grand Prize
Трите дела: "FORCE" на Адао Филипе Фернандес Салгадо, "Just Shaen" наЕнрика Брешија и "Fireworks" наВангЗихаоосвоија универзално признание во рамките на меѓународната комисија. Секој од тројцата фотографи беше признат како добитник на grand prize, и ќе добие парична награда од 10.000 американски долари со цел да се поттикнат во нивните идни уметнички потфати.
©Адао Филипе Фернандес Салгадо (Португалија)
FORCE | HUAWEI P30 Pro
Коментари на судиите: “Постои ред во движењето, а има и хармонична убавина во сложеноста. Фотографијата носи незапирлива виталност, што на светот и на нас кои ја гледаме сликата му треба најмногу во овој момент” – Никол Ксу, поранешен уреднички директор на ELLE Кина.
©Енрика Брешија (Италија)
Just Shaen | HUAWEI P40 Pro
Коментари на судиите: “Толку природно и едноставно, а сепак толку убаво. Можете да ја почувствувате спонтаноста и искреноста на насмевката што ви дава позитивно чувство” – Михаела Нороц, романски фотограф.
©Ванг Зихао (Германија)
Fireworks | HUAWEI P40 Pro
Коментари на судиите: “Совршено темпирана фотографија на огномет на река, единствената друга светлина доаѓа од паметниот телефон, можете да видите и помала хоризонтална верзија на оваа фотографија на тој екран” – Федерико Киамеи, италијански фотограф.
Девет категории
Наградите HUAWEI NEXT IMAGE 2022 опфатија девет категории на пријавени: Art & Fashion, Outdoor, Portrait, Sport, Hello Life, Storyboard, Action, Storytelling Short Film, и Storytelling Long Film, со избрани победници за најдобри во категорија и второпласирани. Секој од 24-те победници во категорија ќе добие награда од креативен фонд NEXT IMAGE од 1.500 американски долари, а секој од 27-те второпласирани победници ќе добие HUAWEI P50 Pro.
©Аунг Чан Тар (Мјанмар)
Inle Market | HUAWEI P40 | Outdoor | Победник во категорија
Овогодинешните фотографии имаа широк спектар на искуства, од природа, планини, езера, изгрејсонце и зајдисонца, градски пејзажи, до прекрасни човечки интеракции. HUAWEI NEXT IMAGE имаза цел да ги инспирира корисниците на Huawei мобилни уреди да доловат разни животни моменти преку мобилната фотографија.
©Ванг Лин (Австралија)
Sisters | HUAWEI P30 | Hello Life | Победник во категорија
На овогодинешниот натпревар додадени се пет нови категории: Art & Fashion, Sport, и три видео категории: Action, Storytelling Short Film, Storytelling Long Film.
NEXT IMAGE: Насочени кон иднината со помош на врвен бренд
HUAWEI NEXT IMAGE Awards служи како платформа за мобилна фотографија на Huawei, преку прикажување дела на талентирана база на корисници на Huawei. NEXTја претставува визијата на Huawei за иднината, истражувањето на технологиите за фотографирање од следната генерација и појавата на следната генерација на фотографи. IMAGE се однесува на статични и нови форми на динамично визуелно изразување што им помагаат на корисниците да раскажуваат приказни и да се изразуваат на уникатни начини.
©Марк Антони Агтај (Обединети Арапски Емирати)
Working Hands | HUAWEI Mate 20 Pro | Storyboard | Победник во категорија
Од своето лансирање во 2017 година,HUAWEI NEXT IMAGE Awardsслужат како уникатна изложба на извонредни фотографски дела на корисниците на мобилни телефони на Huawei. Натпреварот ќе продолжи да ги инспирираталентираните корисници на Huawei, бидејќи компанијата секојдневно воведува иновативни технологии и искуства за нив.
Целосната листа на победнички дела може да ја погледнете овде.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето
Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија
