ОБЈАВУВАТЕ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ НОЌЕ? Еве како може да штети по вашето ментално здравје
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2025 09:29
Луѓето кои објавуваат на социјалните мрежи ноќе, имаат поголема веројатност да се соочат со лоша ментална состојба, покажува ново истражување. Со други зборови, кај „ноќните (онлајн) птици“ има поголема опасност да пројават симптоми на депресија и анксиозност, според истражувачите.
Повеќето научни трудови за менталната благосостојба и социјалните мрежи, се наведува, се сосредоточуваат на фреквенцијата на користење на интернет. Научниците од британскиот Универзитет во Бристол овојпат сакале да проценат дали времето игра улога. За таа цел, на платформата „Икс“, околу 310 луѓе се избрани, земајќи го предвид времето на нивните објави и кога одговарале на прашалници за нивната благосостојба. Истражувачите испитале 18.288 објави.
- Иако социјалните медиуми често се третираат како монолит, нивното влијание врз менталното здравје ќе зависи од вкупното однесување што го извршува корисникот и искуствата што тој/таа ги има на овие платформи. Нашиот труд ја истакнува потенцијалната штета од едно многу специфично однесување - објавување содржина во текот на ноќта. Истражување како нашето би можело да помогне во информирањето на интервенциите или законодавството што има за цел да го спречи штетното користење на социјалните режи, а воедно да овозможи и корисни однесувања или искуства, изјави Даниел Џонсон, докторски истражувач на Универзитетот во Бристол и главен автор на трудот.
Испитувањата откриле дека луѓето кои, во просек, објавувале ноќе - од 23 до 5 часот наутро, се чини, имаат „значително полоша ментална благосостојба“ од оние кои објавувале преку ден.
Објавувањето и испраќањето пораки навечер, исто така, може да доведат до „возбуда на умот“, а сината светлина од паметните телефони може „да го инхибира производството на хормонот мелатонин“, се нагласува.
„Сите овие фактори, комбинирани, можат да го одложат почетокот на спиењето и да доведат до полош квалитет и квантитет на сон. Од друга страна, подобрените резултати поврзани со спиењето се поврзани со подобро ментално здравје“, се вели во написот во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports).
Авторите сметаат оти објавувњето преку ноќ објаснува речиси 2 насто од варијациите во менталната благосостојба. Тие, исто така, пронашле врска меѓу активноста преку ноќта со депресијата и анксиозноста, но тие не биле толку силни. Се истакнува и како ноќното користење на социјалните мрежи „може да го помести сонот“, додека луѓето се будни.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




