Облаци чад од скопска Железарница, ДОМ бара еколошки дозволи
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2013 18:30
Повторно облаци од чад почнаа да излегуваат од кругот на скопската Железарница.Од партијата ДОМ денеска побараа одговор кој го врши загадувањето со чад во Скопје и апелираа државните институции да не ги прифатат барањата на фирмите за одложување на европските еколошки стандарди.
„Може да се забележи и со голо око во раните утрински и доцните вечерни часови експлозија од прав и гасови кои го трујат населението во Гази Баба, Ченто, Автокоманда, Бутел 1 и 2 и пошироко“, наведе на прес-конференција Златко Јордановски од ДОМ кој воедно е хемиски инжинер.
Тој запраша зошто не се почитуваат еколошките стандарди и побара институциите да не излезат во пресрет на с погласните барањата на компаниите за одложување на роковите за филтри од 2019 година.
„За ДОМ се неприфатливи барањата на мeталургиските комбинати, затоа што во изминатиот период имаше историски највисоки цени на металите, а тие не сакаа да одвојат максимум до 1 процент од својот профит за здравјето на вработените и околното население“, посочија од ДОМ.
Компанијата Макстил ма пример, која се посочува како еден од најголемите загадуваши во округот на Желзарница, уште пред нова година до Министерството за животна средина упати барање за продолжување на роковите за еколошките дозволи до 2019-та година. Тоа го правдаше со намалените нарачки и падот на металургијата последниве години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





