Добивај вести на Viber
Авиокомпаниите наплаќаат честопати и повисока цена од самата карта за скриени трошоци, багаж, чекирање, резервации.
Оние кои патуваат пак, честопати ќе направат се што можат за да ги избегнат таквите трошоци.Ова секако било многу важно за еден човек кој требало да тргне на пат од „Guanzhou Baiyun“, интернационалниот аеродром во Кина, кому пред самото влегување во авион му било кажано дека ќе треба да плати дополнителна сума пари за својот багаж.
Како што пренесува „The Examiner“, му било речено или да плати или да се ослободи од багажот, ако сака да го примат во авион. Но тој не го сторил ни едното, нуту другото што го побарала авиокомпанијата од него.
Патникот едноставно го отворил куферот и облекол околу 60 парчиња, кошули и блузи на себе, како и девет пара панталони. Така без да плати дополнителна сума за багажот, тргнал кон авионот.
Патувал за Најроби, Кенија, но кога се упатил кон влезот детекторот за метал не му дозволил да помине на влезот. Вработените на аеродромот побарале целосен преглед на патникот.
На крај се воспоставило дека човекот заборавил електричен адаптер во некој од многуте џебови. По безбедносната проверка, си го продолжил патот, убаво наоблечен!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.