24 Април, 2024
0.1270

(ОБНОВЕНО) Коце Трајановски: Помалку ќе трошиме, ама ќе продолжиме со капитални проекти!

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Градскиот вкупен Буџет за следната година и официјално ќе биде покус за близу 10 отсто. Градот Скопје го изготви нацрт Буџетот за 2013 година со кој се проценува дека следната година ќе се остварат вкупни приходи и други приливи во касата во вредност од близу 98 милиони евра, за разлика од годинава кога вкупниот буџет изнесуваше околу 108 милиони евра. Градот во текот на следната година планира во вкупниот буџет, најмногу средства да има од даночните приходи и тоа во вредност од околу 34 милиони евра, со 26 отсто во вкупните приходи учествуваат донациите и трансферите, со 23 милиони евра капиталните приходи. Остатокот отпаѓа на неданочните приходи, задолжувањето во странство и домашното задолжување. Близу 43 милиони евра Градот планира да потроши следната година за капитални инвестиции, околу 25 милиони евра за стоки и услуги, а 19,5 милиони се предвидени за плати и надоместоци. Остатокот од планираните расходи се за субвенции и трансфери, каматни плаќања, резерви и недефинирани расходи и отплата на главница. Со нешто повеќе од 22 милиони евра градската ќе се надополни со дотациите од Владата. Буџетскиот дефицит за следната година е проектиран на близу 6,4 милиони евра. Трајановски: криза е, буџетот на градот ќе биде реален! Следната година основниот буџет ќе тежи 61,5 милиони евра, за разлика од лани кога бил близу 69 милиони евра. Во градската касата според анализите е предвидено да влезат помалку приходи по основ на давачки од граѓаните и фирмите на територијата на Скопје ги плаќаат  комунални такси, фирмарини, данок на имот и други, поради економската криза. -Обично при секој буџет барањата се поголеми во однос на можностите. Секако треба да се стави она што е најважно, и врз основа на очекуваниот прилив. Ова е само првична верзија, очекуваме сугестии и заблешеки. Буџетот е покус за околу 10 отсто во споредба со лани, тоа зборува дека сакаме да бидеме пореални во очекувањата кои треба да бидат во согласност со економската криза во која се наоѓа светот и Македонија, иако тоа не значи дека нема да бидеме мотивирани за собирање на повеќе приливи. Годинешниот буџет во однос на извршувањето ни дава поттик да направиме пореален буџет. Ќе се трудиме да има помали расходи, за да се задржи финансиската стабилност на Градот Скопје. И понатаму ќе продолжиме со капиталните проекти, изајви градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Дел од советниците од опозицијата побараа од градските служби да дадат точни податоци за тоа колку пари се одлеале од годинешниот буџет за нови вработувања и од ослобудувањето на комуналии за некои институции. - Досега многу од владините институции беа ослободени од плаќање комуналии за гардежно земјиште. По некои наши анализи во последните три и пол години од градскиот буџет се одлеале околу 15 милиони евра по основ на ослободување од комуналии. Се согласуваме кога таа пракса се применува за училишта, болници и спортски сали, но не и за владините институции. Не добивме ниту инфомрација за тоа колку пари се потрошени за нови вработувања, иако според нашите сознанија во сите градски сектори има превработеност, изајви Игнат Виларовски, советник од СДСМ во Град Скопје. И годинешниот и новиот буџет, според опозициските советници не содржи развојна компонента, туку напротив повторно е преамбициозен. - Нашиот став и за буџетот за 2012 беше дека е преамбицозен и предимензиониран, ама и тогаш не уверуваа дека не е така, дека е реален и развоен и ќе одговори на очекувањата. Но еве сега се гледа дека до деветти месец извршувањето 52 отсто, она што ние го зборувавме . За следната година има најви дека извршувањето ќе биде 70 отсто. И ако се спореди и за следната година 66 отсто од буџетот отпаѓа на плати а само 34 отсто за капитални проекти. Се ова говори дека буџетот за 2013 година нема да биде развоен. Па затоа и следната година повторно очекуваме да има 3 до 4 ребаланси и алокации од една на друга програма, вели Горан Паунов, советник од СДСМ во Град Скопје Кои се клучните проекти? Ако се гледа по сектори, според нацртот, следната година најмногу пари Градот ќе одвои за Секторот за планирање и уредување на прострот, односно близу 33 милинони евра од основниот буџет и плус 4, 3 милиони на име на кредити за сите сектори и одделенија. Еве дел од проектите од овој Секторот за планирање и уредување на просторот, за кои се предвидени пари во градскиот буџет.
  • Изградба и надзор на Градската куќа -1,6 милиони евра
  • Реконструкција на деловни објекти- нешто повеќе од 97 илјади евра
  • Изградба на улици и патишта- 813 илјади евра
  • Изградба на Панорамско тркало- нешто повеќе од 585 илјади евра
  • Подготовка на проекти за стамбени објекти-фасади- 406 илјади евра
  • Реконструкција на фасади на стамбени објекти- 1,4 милиони евра
  • Изгрдба на две катни гаражи – 4 милиони евра и плус кредит од 2 милиони евра
  • Реконструкција на Митрополит Теодосиј Гологанов- 650 илјади евра
  • Изградба на колектор Нерези- 162 илјади евра
  • Реконструкција на мостови – 970 илјади евра
  • Реконструкција на улицат Борис Трајковски, по ново Првомајска- 813 илјади и плус 1,6 милиони евра кредит
Иако беше најавено дека субвенции ќе има само за ЈСП “Скопје”, со новиот буџет помош во вид на субвенции ќе добијат и ЈП “Градски паркинг”, ЈП “Паркови и зеленило” и субвенции од јавна намена за “ЈП Комунална хигиена”. 3,3 милиони евра за плати Во буџетот за следната година се испланирани 3,3 милиони евра за плати на администарцијата, 26 илјади евра за плати на градоначалникот и околу 65 илјади евра за привремени вработувања. Нешто повеќе од 16 илјади евра се предвидени за патувања во странство. Со основниот буџет следната година ќе се идвојат 16 ијади евра за реклами и исто толку за анкети за за истражување на јавното мислење. Откако се проширија инфомрации дека плоштадот Македонија е небзебеден при грмотевици поради присуството на многу споменици, Градот во новиот буџет предвиде 55 илјади евра за поставување на громобранска опрема. Во 2013 година Градот ќе се поднови и со нови возила за што се предвидени нешто повеќе од 97 илјади евра. Близу 114 илјади евра се предвидени во новиот  буџет за консултанстки услуги за трамвајот, подземните особраќајници и пешачки премини, реклами и ски-патеката. Остатокот од планираните пари со новиот буџет се за другите градски сектори и одделенија. Нацрт Буџетот на Град Скопје за 2013 година, денеска беше изгласан од градските советници. Според најавите оваа првична верзија додека се усвои може да претрпи измени. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска