20 Декември, 2025
0.1225

Каков финансиски резултат оствари Стопанска банка а.д. Битола лани?

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2017 10:31

Добивај вести на Viber

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот 1.1-31.12.2016 година беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

  1. Финансиски перформанси на Банката

Во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза, Стопанска банка а.д. Битола успеа да остварипозитивен финансиски резултат, односно нето-добивка за периодот 1.1. до 31.12.2016 година во износ од 30,07 милиони денари.

Нето-приходите од камати се повисоки за 13,32% во однос на остварувањето од минатата година главно како резултат на повисоки нето-приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти, а во согласност со напорите за дисперзија на ризикот и проширување на клиентската база.

Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради растот на бројот на клиенти, приходите од провизии се зголемени за 5,92% во однос на 2015 година.Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна.

Годишен раст од 19,00% е регистриран во позицијата нето-курсни разлики што позитивно се одрази врз финансискиот резултат на Банката.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 30,91% споредено со минатогодишното остварување како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, приходи по основ на наплатени отпишани побарувања евидентирани на вонбилансна евидeнција, како и поголеми приходи од дивиденди во согласност со одлуките на издавачите на хартиите од вредност за распределба на добивката.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е значително пониска во однос на претходната година што упатува на подобрен квалитет на структурата на кредитното портфолио. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е повисока споредено со минатата година за 7,87 милиони денари.

Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на дистрибуција, како и поради зголемениот број вработени лица, трошоците за вработени бележат раст од 19,11%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,85%, а амортизацијата се задржа приближно на исто ниво како во 2015 година.

  1. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

Во периодот од 1.1. до 31.12.2016 година нема промени во сметководствените политики и методи за евидентирање и вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните ревидирани финансиски извештаи за 2015 година.

  1. Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2015 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 11.5.2016 година, добивката на Банката е распоредена во законски резерви. Исплата на дивиденда не беше предвидена.

  1. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Годишен раст од 43,93% на недвижностите и опремата главно како резултат на новонабавен недвижен имот за потребите на проширување на дејноста на Банката, главно во Скопје.

  1. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити во 2016 година бележат раст од 32,33% што се должи на зголемен лимит на задолжување од страна на МБПР и поголем обем на повлечени средства по кредитни линии.

  1. Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во 2016 година, Стопанска банка а.д. Битола успеа да постигне висок процент на исполнување на планот, со отстапување помало од +/- 5% во клучните позиции од Билансот на состојба. Така, планот на вкупната билансна сума беше остварен со 96,41%. Во однос на изворите на средства, планот на вкупни депозити беше остварен со 97,92%, додека остварувањето на планот кај обврски по кредити изнесуваше 103,22%. На страната на активата, бруто-кредитите на нефинансиски субјекти беа остварени со 80,89% при што соодветно влијание врз ваквото остварување имаше и отписот на дел од нефункционалните кредити согласно Одлуката на НБРМ за изменување и дополнување на Одлуката за управување со кредитниот ризик. Во делот на хартии од вредност чувани до достасување, се направи пренасочување на средства во депозити во НБРМшто резултира со поголемо остварување во делот на парични средства и парични еквиваленти.

Што се однесува на Билансот на успех, планираните нето-приходи од камати беа остварени со 89,11%, додека остварувањето на планот кај нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваше 92,87%. Општите административни трошоци и амортизацијата беа остварени со 99,65%. Следствено на остварувањата кај клучните плански позиции и наплатата на претходно отпишани побарувања, нето-добивката за 2016 година беше значително поголема од планираната.

Очекувањата за периодот што следува се во насока на постепено стабилизирање на макроекономско опкружување и благо забрзување на домашниот економскиот раст. Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активностите за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги, се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии