05 Декември, 2025
0.0325

Обука за невработени текстилни работници во Илинден

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2013 11:27

Добивај вести на Viber

Околу 60 невработени квалификувани лица во областа на текстилната индустрија ја посетија обуката што општина Илинден во соработка со холандската фабрика за работна и заштитна облека VPTEX Македонија ја организираше за невработените лица.

Пред обуката што се одржа во Модуларното училиште, на присутните им се обрати градоначалникот на oпштина Илинден, Жика Стојановски. Претставниците од фабриката VPTEX Македонија им ги презентираа подготовките за отпочнување со работа на својата фабрика и можностите за вработување.

За почеток, како што информираат од VPTEX, ќе имаат потреба од работници со искуство во оваа област, кои веднаш по изборот и обуката, ќе можат да стартуваат со работа во производствените погони.

Со цел да им помогне на младите невработени да ги зголемат можностите за вработување oпштина Илинден и во иднина ќе продолжи со обуки на невработени лица, какви што досега одржаа претставниците на „Џонсон Мети“, „Пекабеско“ и Балканската млекарица „Суташ“.

Фабриката VPTEX, која почна да се гради кон крајот на септември минатата година се подготвува да почне со производство на 1 јуни годинава. VPTEX Македонија на почеток отвора можност за 100 нови работни места, а до крајот на проектот треба да се зголемат за уште 80 нови вработувања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност