ОБУКИ: „Сам свој газда“ во општина Карпош
Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2012 19:23
Шеесетина граѓани од општина Карпош кои успешно ја завршија обуката „Сам свој газда“ денеска ги добија своите сертификати кои им ги врачи градоначалникот Стевчо Јакимовски. Проектот го реализираа општина Карпош и консултантската куќа „Вижн Консалтинг“, а обуката се одвиваше во две фази, од кои во првата беа вклучени млади невработени лица, а во втората беа опфатени мали и средни претпријатија.
Целта на обуките била да се создаде нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата. Две од фирмите кои ја посетувале обуката веќе почнале да работат целосно самостојно на македонскиот пазар, информираат од општина Карпош.Општина Карпош и Фондацијата ПСМ – инкубатор исто така денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој 20 млади луѓе од оваа локална самоуправа, преку отворен конкурс, ќе поминат три месеци, од 8 јануари до 8 март годинава во Ѕес Акцелераторот. Младите ќе добијат бесплатен простор за работа од областа на ИТ секторот, како и совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални инвеститори и средби со успешни претприемачи кои ќе им помогнат да се соочат со предизвиците во текот на престојот
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





