Обвинетите во „Еразмус“ изведени пред суд, ќе се докажува имало или не злоупотреби кај професорите
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017
По повеќемесечни подготовки започна судскиот процес за случајот „Еразмус“ во кој се обвинети шестмина професори, демонстратори и вработени во Економскиот факултет од Скопје при УКИМ за земање поткуп, злоупотреба на службена должност, изнуда како и други кривични дела.
Обвинителството на 18 април ќе го докажува обвинението со заштитени сведоци, писмени докази и еден таен агент за начинот на кој обвинетите барале и добивале поткуп од студентите како и за изнудите кои ги вршеле. Обвинетите денес на првото рочиште се изјаснија дека се невини и тоа ќе го докажат во постапката пред судот.