Обвинителката нема да одговара за условната казна за сообраќајката кај „Млечен“
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2020
Советот на јавни обвинители нема да превземе ништо против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, објави Наташа Димитриевска, сопругата на Гоце Димитриевски, кој пред две години беше усмртен од возач на џип кај „Млечен“ а потоа доби само условна казна.
Димитриевска исто така беше на мотоциклот кој го управуваше Гоце и го загуби плодот во сообраќајната несреќа. За пресудата пред неколку месеци објави семејството на починатиот на социјалните мрежи, по што јавноста се крена на нозе, а реагираше дури и опозицијата.
Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ се најде прва на удар на досудената условна казна за тетовскиот бизнисмен Васил Чорбаџиев кој со џип ги прегази сопружниците пред две години кај „Млечен ресторан“ во Скопје, но потоа таа објаснуваше дека добила такво обвинение од Бундалевска Ѓорѓиевска.
„Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе“.
Стручниот колегиум на ВЈО Скопје утврдил дека по конкретниот кривичен предмет е постапувано правилно и согласно законските прописи и во конкретниот случај јавнообвинителските одлуки се носени откако се прибавени сите докази, информации и известувања кои јавниот обвинител сметал дека се потребни за правилно и законито одлучување, односно за донесување на мериторна јавнообвинителска одлука“, цитиран е Советот на јавни обвинители.од страна на Димитриевска, која и самат се стекна со тешки телесни повреди во сообраќајката.
Во судското образложение стои дека Чорбаџиев не бил претходно осудуван и не возел под дејство на алкохол.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.