08 Октомври, 2024
0.0264

Обвинителот Рустеми дојде да сведочи во ОЈО

Објавено во: Македонија 16 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Рустеми беше повикан да сведочи во ЈО вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ“, каде тој го застапува обвинението.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, а во вторник на распит е повикана и шефицата на СЈО, Катица Канева.

Стефанова и Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор. Обвинителството двајцата ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника