Обвинителството откако „го ослободи“ Димитриевски: Инвеститорите кои го тужеа, повеќе немаат штета
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2025 13:02
Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлече обвинение против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, а денешното објаснување што го лиферуваше прес-службата за јавноста е тоа дека инвеститорите кои го пријавија, повеќе не трпеле штета.
Пет дена пред завршните зборови, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово се откажа од обвинението против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени за неиздавање дозвола за градба.
За да бидат исполнети законските обележја од наведената квалификација неопходно е да постои нанесена-настапена значителна штета, која во конкретниот случај во услови на издадено одобрение за градење не постои, согласно вештаците.
Јавниот обвинител испитуваше и евентуалното сторување на кривично дело со друга правна квалификација, при што уште еднаш темелно ги анализираше сите докази изведени во текот на судската постапка, а предметот по барање на предметниот обвинител два пати беше рефериран и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Меѓутоа, од сите преземени дејствија се утврди дека не постојат цврсти докази со кои надвор од разумно сомневање би се докажало сторувањето на кое било друго кривично дело кое се гони по службена должност, па јавниот обвинител имаше обврска да го повлече поднесеното обвинение“, објаснува Обвинителството.
„Случајот бил воден повеќе од една година, со конкретни обвинувања за злоупотреба на службена положба, за неисполнување на службена должност во врска со издавање дозвола за градба, со нанесена штета од над 3 милиони денари.
Сега, без нови докази, без промена на фактите, обвинителството едноставно се откажува. По чиј налог?“, прашуваат од опозициската партија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




