17 Декември, 2025
0.0562

ОЧАЈ ИЛИ ЛУДОСТ: Што ја натера младата фоторепортерка да се самозапали во Софија?

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2014 11:39

Добивај вести на Viber

Семејството на 38-годишната бугарска фоторепортерка Лидија Петрова, која се самозапали пред зградата на Претседателството во Софија вчера, не верува дека таа го направила тоа во момент на лудост, туку дека на потегот била принудена. Нејзината сестра Даниела за медиумите изјавила дека постои секта која ги наведува луѓето да преземат вакви очајнички потези. И мајката Снежана нагласи дека се сомнева оти ќерка и била принудена и дека немала друга причина на овој начин да се обиде да си го одземе животот. „Таа не е способна за такво нешто, не се самозапалила. Не е психички болна. Образована е. Шансите се нула“, изјавила Снежана за медиумите во Софија. Состојбата на Лидија и денеска е критична, со повеќе од 90% длабоки изгореници по целото тело. „Да не си го потрошиш залудно целиот живот, ми изгледа вредно достигнување, барем мене“ - овој цитат на Чарлс Буковски го напишала младата жена на Фејсбук пред да дигне рака на себе. Снимките од безбедносните камери ја покажуваат како со метро стигнала пред зградата на Претседателството во Бугарија, седнала на фонтаната, извадила пластично шише со течност од ранецот, се полеала и потоа се запалила. Со ништо не навела кој е мотивот што ја навел на ваков потег.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата