„ОЧЕКУВАМЕ ЛЕВИЦА ЦЕЛОСНО ДА ГО ЗАЗЕМЕ ПРОСТОРОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ“: Мојсоска вели дека нивната партија е втора партија во неколку општини
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2024
Левица веќе се наметнува како втора партија - оваа теза ја истакна пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во гостувањето на ТВ 24.
Според Мојсоска, резултатите од Парламентарните избори - 2024 го потврдуваат местото на Левица како втора партија.
- Резултатите покажаа дека, еве, конкретно, Левица во Кисела Вода моментално е втора партија, така што СДСМ е трета партија. Истата тенденција ја имаме во Аеродром, во Велес - потенцираше Мојсоска.
Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, зборуваше и за реалните очекувања во наредниот парламентарен состав.
- Сега во наредниот парламентарен состав очекуваме веќе и Левица, конечно, да се постави како автентична левичарска партија и целосно да го заземе просторот на социјал-демократите - додаде Мојсоска.