ВО ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Од 1 април одново ќе враќаме стар меѓународен долг за гасификација

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025
Од 1 април завршува грејс периодот од две години што го добил „Номагас“ како акционерско друштво во државна сопственост помеѓу два циклуси на отплата на долгот од 90 милиони евра кон Дојче и Ерсте банк за изградба на магистралните гасоводи Штип - Неготино - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар. . Договорот во 2015 година го потпиша тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески, а тој вклучуваше и можност парите да се користат за државна поддршка.
Во извештајот на независниот ревизор за работењето на националниот оператор за снабдување со гас „Номагас“ (поранешен АД НЕР), објавен деновиве на „Македонска берза“, се открива дека отплатата воопшто не била мрдната од место и дека долгот за гасификацијата бил репрограмиран со одложување на два пати по две години до 1 април 2025, иако редовно тој инаку одамна требаше да биде исплатен.
Кредитот од 90 милиони евра беше договорен во 2015 со рок на враќање од седум години и грејс период од три години. Во озаконувањето на договорот беше предвидено дека парите може да се користат и за буџетска поддршка. По девет и пол години , гасоводите се речиси изградени но не се пуштени во употреба од разни причини.
Затоа интервенирало Министерството за финансии, долгот доспеал за три последователни неплатени рати, а во меѓувреме се натрупале и такви трошоци како затезна камата и трошоци за неискористени средства, за што веќе информираше Државниот завод за ревизија. Независниот ревизор пишува дека следувале дури две репрограмирања на долгот.
„Краткорочните обврски по кредити во износ од 5.397.824.000 денари се однесуваат на повлечени средства врз основа на договор за долгорочен кредит склучен со Министерството за финансии од 11 декември 2015 на вкупен износ од 90.000.000 евра со рок на отплата од 7 години и вклучен грејс период од 3 години, каматна стапка од 6м ЕУРИБОР+маргина од 450bps, еднократна провизија во износ од 1,5 отсто од износот на заемот и провизија во износ од 2,47 отсто
Во текот на 2021, АД НЕР потпишало договор за регулирање на долг со Министерството за финансии, со кој обврските по основ на доспеани главен долг, провизија, трошоци за неискористени средства, трошоци за извршени дознаки кон странство, редовна камата, и законска затезна камата во вкупен износ од 5.099.504.308 денари со кој долгот на Друштвото се репрограмира со рок на враќање од 10 години без пресметка на редовната камата со вклучен грејс период од 18 месеци, односно отплатата кон Министерството за финансии ќе отпочне на 1 јули 2023.
Друштвото на 20 март 2023 потпиша договор за регулирање на долг со Министерството за финансии, со кој обврските во вкупен износ од 1.670.429.053 денари со кој долгот на Друштвото се репрограмира со рок на враќање од 10 години без пресметка на редовна камата со вклучен грејс период од 2 години, односно отплата кон Министерството за финансии ќе отпочне на 1 април 2025“, објаснува ревизорот.
Почетното задолжување од 90 милиони евра, сега во пресметката на ревизорот до крајот на 2023 е прикажано како 116 милиони евра.
И Државниот завод за ревизија лани констатираше дека за задолжувањето за изградба на оваа фаза од гасификацијата бил склучен договор за кредитирање од 90 милиони евра, а поради доспеаните долгови биле пролонгирани роковите преку Министерството за финансии и тоа на два пати.Лани беше потпишан договор за кредитирање со Европската банка за обнова и развој во висина од 98,6 милиони евра за проектот за изградба на интерконекторот со Грција (66 км) и двете гасни делници Гостивар – Кичево (34 км) и Свети Николе – Велес (28 км). Имплементатор на проектот е Номагас АД Скопје.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

МАКИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Ќе плаќаат данок на пензиите

ДАЛИ ИМА ПАРИ ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЕНЗИИ: ММФ се интересира за состојбите на ПИОМ

Крис Павловски, соработникот на Доналд Трамп и Илон Маск, ја основа „Рамбл“ во Македонија

ЗА ЗАШТИТА НА СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ: Се замрзнува цената на дел од производите

ШОКАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БИЛ ГЕЈТС: Паметните телефони наскоро ќе бидат заменети со нешто застрашувачко

Филип Морис Интернешнал со рекордни резултати во 2024 година

Владата нема да ги прифати предлозите на трговците и на СДСМ
