05 Декември, 2025
0.0303

Од 1. октомври во Македонија влегува генетски модифицираната храна

Објавено во: Агробизнис 18 Септември, 2013 12:27

Добивај вести на Viber

Животните во Македонија од 1. октомври ќе може да се хранат со генетски модифицирана (ГМ) храна. Тоа им го овозможува Правилникот што го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со Министерството за животна средина. Како што пишува Дојче веле, дел од граѓаните бараат да бидат информирани какви опасности може да има тоа за нивното здравје, а други веќе најавуваат дека ќе се збогуваат со месото, млекото, сирењето, јајцата Последиците се гледаат подоцна Зоран Поповски, професор на Факултетот за земјоделски науки на УКИМ и раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство, вели дека досега нема докажан случај на негативно влијание на ГМ храна врз здравјето на луѓето и животните, иако таа две децении е во комерцијална употреба. „Во 2011 година, ЕУ излезе со извештај за вакви влијанија базиран на истражувања во кои вложила над 500 милиони евра во последните десетина години. Во него нема ниеден доказ за такво влијание. Но, не би требало ‘да се спие на тоа уво’, бидејќи се уште не може да се зборува за кумулативен ефект на ГМ-храната заради релативно малиот период на нејзина употреба. Сличен беше и случајот со популарниот пестицид ДДТ, кој се декларираше како безбеден за употреба, за по неколку децении да се забележат неговите негативни кумулативни ефекти”, вели Поповски. Блажо Јаневски, раководител на Секторот за ветеринарно јавно здравство, тврди дека опасности не постојат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?