Од 10 ноември без ПЦР-тест ќe се патува меѓу Србија, Албанија и Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Октомври, 2020
Од 10 идниот месец без ПЦР-тест ќe се патува меѓу Србија, Албанија и Македонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека се донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација ќе започне на 10 ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.
„Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија или, пак, оттаму во Србија без ПРЦ-тест“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други. „Да можеме да примаме пациенти од Скопје и Тирана и тие да можат да примаат наши луѓе кои се на нивна територија и како да ги регулираат трошоците“, вели српскиот претседател.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.