ОД „5 ЛЕТЕРС“ СЕ УКРАДЕНИ 108 ШИШИЊА МАСЛО ОД КАНАБИС: Втора кражба во фабриката
Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 14:20
Министерството за внатрешни работи потврди дека се случила кражба на шишиња масло од канабис од фабриката „5 летерс“. За тоа утрово реагираше пратеникот Драган Ковачки кој обелоденувајќи за кражбата рече дека ограбениот канабис е во вредност од 2 милиони евра. Полицијата тврди дека станува збор за 108 шишиња. Кражбата се случила во периодот од 18.30 часот завчера до 6:30 часот вчера.
„„На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.4.2022 до 6:30 часот на 19.4.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Фармата се наоѓа кај крушевското село Алдинци.
Пред една година заедничката акција на Меѓуресорската комисија и МВР откри дека во Алдинци се одгледувала и марихуана која не била пријавена. Во декември 2020, токму од „5 летерс“ беа украдени околу 60 килограми марихуана. Меѓу тројцата осомничени беше и роднина на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




