Од 7.000 медицински сестри, 3.000 се подготвуваат да заминат
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 11:00
Од Здружението на медицинските сестри „За нас“ за ТВ21 велат дека 3.000 медицински сестри, од вкупно 7.000 во земјата, се подготвуваат да заминат на работа во странство и учат странски јазик.
Според неофицијалните податоци со кои располага од ова здружение, околу три илјади медицински сестри учат германски јазик и се подготвуваат наскоро да ја напуштат земјава.
Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека се работи во правец на справување со овој феномен преку покачување на платите и разни обуки на медицинските сестри за да се стекнат со повеќе вештини.
За да се спречи одливот на медицински сестри во странство, пред се во Германија, Министерството за здравство најавува непопуларни мерки со кои ќе настојува да го спречи заминувањето на овој медицински персонал.
Министерството ќе побара од германското Министерство за здравство, на работниците од Македонија да им овозможува само привремена работна дозвола, а не и можност за иселување.
Филипче изјави дека разговарал со германскиот министер за здравство, за можноста за испраќање на медицински сестри на неколкумесечна сезонска работа, под услов да се вратат повторно.
Инаку, според податоците од Здружението на медицински сестри “За нас“, во Македонија има околу 7 илјади медицински сестри, а просечната возраст е од 45 до 55 години. Според нивните информации, околу 3 илјади медицински сестри започнале да го изучуваат германскиот јазик со цел да заминат од земјава.
Од центрите за странски јазици и посредништво за вработување во Германија “Opportunity Center”, известија дека интересот за напуштање на државата е голем а повеќето од нивните клиенти се токму медицински сестри.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




