ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ: Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи
Објавено во: Свет 30 Септември, 2025 19:35
Чешка сака да стане првата земја од ЕУ што веднаш ќе го ограничи влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи од безбедносни причини, соопшти владата, цитирана од француските медиуми.
Мерката ќе се применува на сите аеродроми во земјата. Руските граѓани акредитирани во руската Амбасада во Прага ќе го задржат своето право да влезат во земјата, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.
Европската унија има намера да воведе строги ограничувања за движењето на руските дипломати во Шенген зоната.
„Ние засега сме единствените што го прават ова. Мерката треба да ги инспирира другите земји и да ги надополни европските санкции“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Даниел Драчке.
„Ситуацијата не е идеална, но ќе ни овозможи да го решиме безбедносниот проблем, бидејќи руската дипломатска мрежа крие агенти кои ја загрозуваат“, рече шефот на чешката дипломатија, Јан Липавски.
Во својот последен годишен извештај, чешката разузнавачка служба соопшти дека Русија продолжува да одржува широка шпионска мрежа што работи под дипломатска покривка во рамките на руската Амбасада во Прага.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




