Од денеска аукција за зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2023 10:11
По граѓанската обврзница, од денеска се одржува и зелена обврзница, овјави министерот за финансии Фатмир Бесими за SeeNews.
Денеска се одржува аукција за зелената обврзница од која се очекуваат 10 милиони евра, кои ќе бидат искористени за поддршка на зелени проекти преку Фондот за енергетска ефикасност во Развојната банка.
Бесими најави и уште една граѓанска обрврзница. Новите видови државни хартии од вредност, како што наведува министерот, се дел од Стратегијата за управување со јавниот долг и ќе бидат постојано присутни на пазарот на капитал и достапни за граѓаните да инвестираат во нив.
„Министерството за финансии во јули годинава издаде двегодишни граѓански обврзници во износ од 1,448 милијарди денари (23,6 милиони евра, со фиксна каматна стапка од 5% годишно, што е двојно повеќе од планираниот износ од 600 милиони денари. Министерството за финансии веќе подготвува втора емисија на граѓански обврзници“, посочи министерот за финансии.
Дополнително, пазарот на капитал ќе биде воведен уште еден нов финансиски инструмент - проектната обврзница, Новите проектни обврзници ќе претставуваат алтернативен начин за институционалните инвеститори за финансирање инфраструктурни проекти. Станува збор за еден вик на поддршка на проекти планирани и во согласност со Буџетот.
„Министерството за финансии планира да воведе нов инструмент на пазарот кој ќе биде наменет за финансирање инфраструктурни проекти, што е дел од новата стратегија за диверзификација на понудата на пазарот на капитал“, вели Бесими.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




