Од денеска престанува да важи мерката за условен увоз на пченица
Објавено во: Агробизнис
02 Септември, 2013 09:46
Добивај вести на Viber
Од денеска престанува да важи заштитната мерка за условен увоз на пченица. Откако оцени дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања, Владата одлучи да ја укине.
До крајот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно.
Мерката за условен увоз на пченица беше воведена на 1 јули годинава за да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување.
Таа предвидуваше за килограм увезена пченица да се откупат три килограми домашно жито, а за килограм увезено брашно, четири килограми домашна пченица.
По воведувањето на мерката реагираше соседна Србија која во Македонија годишно извезува околу 50.000 тони пченица и до 40.000 тони брашно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?