17 Мај, 2024
0.0276

Од денеска пријавување за субвенции во Карпош

Објавено во: Економија 28 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Од денеска, 28 мај, е отворен вториот повик на Општина Карпош за аплицирање за субвенции за купување на нови велосипеди за карпошани.

По првичниот јавен повик, во кој граѓаните на Карпош покажаа голема заинтересираност за акцијата, согласно одлуката на Советот на локалната самоуправа, беа одобрени дополнителни 360.000 денари од буџетот на Општината кои ќе бидат на располагање за оваа намена. И овој пат, важи истиот принцип на „ прв дојден, прв услужен“, сè до целосно исцрпување на предвидените средства.

Сите заинтересирани можат да поднесат документи кај координаторот на проектот Марко Петрушевски, во Секторот за екологија и енергетска ефикасност, кој се наоѓа на вториот кат во ОУ „ Лазо Трповски“. Апликантите треба да понесат со себе оригинал фискална сметка со сметкопотврда од велосипедот купен од денешниот датум натаму, заклучно со денот до кога акцијата ќе трае, како и копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.

Општина Карпош ќе субвенционира 20 отсто од вкупниот износ на новиот купен велосипед, или максимум 3.000 денари од цената на купениот велосипед.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци