Од дневникот на „Катерпилар“…
Објавено во: Анализа 25 Февруари, 2013 07:00
Каматите ќе останат ниски и не се очекува централните банкари да направат некоја посериозна промена во плитиките. Монетарното олабавување ќе делува благопријатно на целата економија и би требало да ги намали ефектите од намалените буџетски трошења. Секако најголем проблем останува Европа, каде резовите се чини ќе мора да продолжат со несмалено темпо.
PMI индикаторите ширум светот кои ги мерат очекувањата во компаниите кои се занимаваат со производна дејност се постојано на високо ниво. Ова јасно покажува дека монетарната политика на намалени каматни стапки, благопријатно делува за економијата.
Кина го зголемува увозот на метали, додека генерално гледано цените на металите се опоравуваат од нивото на средината на август кое беше дно за тој период. Секако ова значи дека Кина фукционира сеуште на доволно високо ниво и успева да ја влече побарувачката на метали.
Еден ресурс се менува со друг. Цените на јагленот паѓаат поради ефтиниот гас посебно во САД. Притисокот на цените на јагленот се очекува да продолжат и во 2013 година, благодарение на пониската цена на гасот.
САД ќе продолжи да расте и во 2013 година и тоа со стапка од 2,5%, што е значително поголема од стапката од 1,5% која им се предвидува на развиените економии. Сето ова меѓудругото благодарение на политиката на ФЕДот и интервенцијата од 85 милијарди долари месечно. Банките имаат значително поквалитетни биланси и полека но сигурно повторно позајмуваат.
Еврозоната е проблем број еден. Ќе има раст кој е значително помал од останатите развиени земји. Градежната активност ќе продолжи да опаѓа и ќе го достигне нивото од 1990 година.
И оваа година земјите во развој, посебно новите економски сили најмногу ќе придонесат за светскиот раст. Овие економии се очекува да забележат раст од 5% во 2013 година.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





