ОД ДНО ДО ВРВ: Порано претурала по контејнери, а денес има фирма со 15 вработени
Објавено во: Финансии 29 Декември, 2017 12:29
Зијада Исиќ од Травник, БиХ пред 21 година останала без работа и претурала по контејнери за да го прехрани семејството.
Денес таа е успешна сопственичка на компанија за еко индустриски отпад со 15 вработени.
На местото каде порано имало депонија, денес се наоѓа нејзината фирма која може да биде пример за многумина.
Иако немала претходно знаења во оваа бранша, почнала со работа и успеала да си обезбеди егзистенција.
„Многумина се смееја, но мене не ми беше срам од ништо. Срамота е да крадам, да сум крадец“ - вели Исиќ.
Она што за другите било смет, за неа и нејзиното семејство било капитал.
Денес стакло, пластика, хартија, амбалажа откупува од 17 претпријатија, а 80% извезува во ЕУ.
„Денес е тоа производ број еден кој е баран на европскиот пазар“ - раскажува Исиќ.
Рецептот за успех вели дека е во одговорно и домаќинско работење секој ден и секоја година. Таа и 8-ми март ќе го помине со колегите работејќи.
Исиќ вели дека секој треба да засука ракави пред да кука, а 8-ми март за неа е ден како и секој друг во годината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





