17 Декември, 2025
0.0643

Од идната година нема да се наплатува тендерската документација

Објавено во: Економија 16 Јули, 2013 14:01

Добивај вести на Viber

Тендерската документација повеќе нема да се наплатува и секој договорен орган ќе има обврска задолжително на Електронскиот систем за јавни набавки да ја постави целокупната тендерска документација во моментот на објавување на огласот. Вакви измени на Законот за јавни набавки подготвува Владата. Истите ќе стапат на сила од 1 јануари 2014 година. - Измените се во насока на барањата на деловната заедница и со нив се продонесува за намалување на трошоците на деловните субјекти кои настапуваат во постапките на јавните набавки. Со нив се подобрува правната заштита на интересите на деловните субјекти и се штити јавниот интерес. Се прави и дополнителен исчекор во борбата против корупцијата со предвидување на норми со кои се отстрануваат можни влијанија и субјективизам, а дополнително се зголемува и транспарентноста доследно на владините политики - изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Тој нагласи дека измените ќе бидат од исклучителна корист и значење за деловните субјекти, ќе претставуваат силна алатка во борбата против корупција, ќе придонесат во понатамошното унапредување на позицијата на институционално лидерство на Бирото за јавни набавки и дека со нив како и досега Република Македонија ќе продолжи да биде регионален лидер во областа на јавните набавки. - Од 1 јануари идната година се предвидува можност, доколку при една постапка се јави и остане само еден понудувач, да може дополнително да се намали претходната цена преку формулирање на конечната цена. Се проширува и опфатот на техничкиот дијалог на сите аспекти и услови од целокупната тендерска документација, а не како досега само за техничките спецификации на документацијата. Воедно се воведува обврската сите економски оператори да бидат информирани за секој коментар и приговор на секој оператор во процесот на технички дијалог за секој аспект од тендерската документација со што директно се одговара на барањата на бизнис заедницата - рече Ѓорѓиев. Додаде дека со измените се остава можност за користење на електронски профил на економски оператор во Електронскиот сиситем за јавни набавки, односно компаниите да можат да ги прикачат документите за докажување на личната состојба на нивниот профил, без при тоа да мора да го прикачуваат со секоја електронска постпака поединечно. Тоа за нив ќе го прави системот се додека им важат документите што значи дека во пракса тоа ќе треба да го прават само два пати годишно. Дополнително, со измените се регулираат правата и обврските при конкурирање од страна на група понудувачи. - Се предвидува обврска во случај на конкурирање на група понудувачи, компаниите кои ја сочинуваат групата пред поднесувањето на документацијата задолжително меѓу себе да потпишат договор кој ќе ги регулира нивните парцијални односи и интереси, односно да се предвиди кој е основен понудувач, кој ја сноси гаранцијата, кога, кој и како може да се откаже или да не се откаже од процесот итн. Тој договор треба да е составен дел на групната понуда - прецизира Ѓорѓиев. Со измените на Законот, како што појасни, поаѓајќи од политиките на Владата за решителна борба против корупцијата и злоупотребите во вршење на јавните овластувања, се намалува можноста од субјективизам, и се стеснува просторот за однесување кое може да значи противправност и решително се ограничуваат ситуациите на своеволност и волунтаризам.    

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар