Од идниот месец задолжителна идентификацијата на миленичињата со микрочип
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 15:15
Од идниот месец ќе биде задолжително идентификувањето на миленичињата со микрочип. Согласно Правилникот донесен во јануари годинава, за бездомните животни оваа обрвска ја презмаат стационарите.
Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, идентификацијата ќе ја спроведуваат овластени ветеринарни друштва. Со неа ќе бидат опфатени кучиња и мачки. Сопствениците се должни да ги идентификуваат миленичињата
- За оние што нема да ја реализираат обврската, според Законот, предвидени се глоби, до 1.000 евра за правно и 80 евра за физичко лице. Но, интенцијата не е да се казнува, туку да се зголеми свеста за идентификација која ќе овозможи квалитетна здравствена заштита. Оттука, при евидентирање случај на неидентификуван миленик, најпрво ќе се пристапи кон советување и едукација, велат од Агенцијата.
Паралелно се спроведуваат и активности за контрола на кучињата скитници.
- Со измените на Законот за благосостојба на животните кои се во процедура, предвидено е формирање регистар на вдомени животни, како и регистар на опасни кучиња. Точно ќе се знае кој е сопственикот, дали животното е вакцинирано и кога. Ќе се воведе и инструмент за проценка на социјализацијата на кучињата, рече заменик директорот на Агенцијата Абдулезел Догани по денешната работилница.
Санкции има за лицата кои земаат, а потоа ги пуштаат кучињата повторно на улица.
Посебна комисија ќе го одредува процентот на социјализација на кучињата скитници. Друга комисија, пак, ќе проценува кое куче, домашно или скитник, е опасно или агресивно. Земени ќе бидат предвид повеќе фактори, раса, карактер, температмент,... со што практично ќе се прави селекција, односно ќе се одлучува околу вдомувањето.
Во Скопје месечно се заловуваат 200 до 250 кучиња скитници или околу 2.500 годишно. Сите се прегледуваат и задолжително се вакцинираат против беснило. Од нив се вдомуваат 15 до 20 отсто. Стационари освен во Скопје, има и во Куманово, Велес, Виница, Неготино и Делчево.
Европските експерти сугерираат исклучително сериозен пристап кон системот за контрола на кучињата скитници. Поради разликите на секој град, регион, општина, неопходно е изготвуање специфичен, соодветен механизам.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





