20 Декември, 2025
0.0479

Од Комората на медијатори се огласија за преговорите меѓу СОНК и МОН

Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 18:48

Добивај вести на Viber

Комората на медијатори на Република Северна Македонија – КМРСМ, а во врска со последните случувања околу спорот меѓу Министерството за образование и наука- МОН и Синдикатот за образование, наука и култура- СОНК, ја информира јавноста дека е направен превид при посочувањето на личноста како лице што ќе посредува како медијатор во спорот меѓу МОН и СОНК. 

„На овој начин сакаме да дадеме дополнителни попрецизни информации што се однесуваат на информирање на пошироката јавност околу наводите дека во спорот меѓу СОНК и МОН е избран медијаторот за решавање на спорот. Имено, Комората на Медијатори на Република Северна Македонија со организациски облик Комора е основана на 17.07.2017 година и надлежностите на Комората се утврдени согласно Законот за медијација како и Статутот на комората. Во комората членуваат лиценцирани медијатори кои се евидентирани во Именикот на медијатори, јавно објавен на веб страната на Министерство за правда и на Веб страната на Комората на медијатори. Именик-на-медијатори-29.04.2022.pdf (xsoftstatic.com). Во однос на последните случувања КМРСМ ја информира јавноста дека терминологијата медијатори се однесува на медијаторите кои ја извршуваат таа дејност согласно Законот за медијација и постапките на медијација не се решаваат со помирувач, во споменатиот спор - помирувачот постапува исклучиво во согласнст на Закон за мирно решавање на работни спорови. Во Законот за медијација се утврдени споровите што се медијабилни и може да бидат предмет на медијација. Во рамките на одредбата за решавање на работни спорови е дефинирано дека со медијација може да се решаваат работни спорови, што се однесуваат на парични побарувања“, наведуваат од комората. 

Додаваат дека постојат разлики меѓу медијаторот и помирувачот врз основа на теоретските и правните решенија, при што може да се констатира дека помирувачот исклучиво работи на решавање на спорови од работните односи. 

„Медијаторот во решавање на спорови има поширок опфат на решавање на спорови што се регулирани согласно Законот за медијација. Медијацијата се применува при: - имотно правни спорови што произлегуваат од оставински постапки, - семејни спорови, - работни спорови, - трговски спорови, - потрошувачки спорови, - осигурителни спорови, - спорови што произлегуваат од постапките на нотарски платни налози, - спорови од областа на образованието, - спорови од областа на безбедност и здравје при работа, - спорови од областа на здравствената заштита, - спорови од областа на заштитата на животната средина, - спорови во врска со дискриминацијата, - спорови поврзани со граѓанска одговорност за навреда и клевета и - во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување настанати меѓу домашни и/или странски физички и правни лица“, наведуваат во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки