Од Коњари им се заканувал по Фејсбук на пратеници, МВР го повикал во станица
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 09:23
А.Н. од Коњари преку коментари на Фејхсбук им се заканувал на пратеници, по што СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против ова лице.
Не е познато дали упатените закани биле до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот гласаа за отворање на уставните измени на собраниската седница, по што наидоа на тапет кај опозициската јавност.
Пред два дена Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи против Г. Т. (48) од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија, до надлежното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР уште пред гласањето соопшти дека ќе ги штити сите пратеници кои се чувствуваат загрозено по најавите дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници, за потребните уставни измени според преспанскиот договор.
По издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.
Полицијата уште од петокот патролира и засилено ги чува домовите на пратениците.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




