05 Декември, 2025
0.0370

Од „лајк“ копче ќе зависи платата и работното место на административците!

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2012 15:51

Добивај вести на Viber

Со донесување на Новиот закон за администрација, а тоа е некаде во  април, односно мај  следната година, оценката на граѓаните ќе има влијание врз платата на админстрацијата, односно секое стискање на копчето на уредите што го одразува задоволството директно ќе влијае врз месечната плата. Во меѓувреме во сегашните уреди, поради тоа што беа оштетувани од граѓаните, но и од вработени во администрацијата, ќе бидат инсталирани електронски картички со што ќе се избегнат малверзациите “ изјави министерот Иво Ивановски задолжен за администрацијата, на седницата на која министрите за сработеното даваат отчет пред премиерот. Премиерот Никола Гуруевски побара од мнистерот за информатичко општество и да обезбеди информација за тоа до каде е воведувањето на ИСО стандарди во министерствата. Ивановски даде отчет за тоа до колку граѓаните ја користат жалбената постапка во случај кога инситуциите не постапуваат по одредено барање на граѓаните или на фирмите... “Има голем број на постапки што одамна се почнати, дури има постапки за највисоки казни против градоначалници и функционери. Многу значајно е тоа што граѓаните мора да ги запазат роковите за жалба, не треба да се праќаат жалби пред да истечат роковите.  Правиме нов систем во самиот државен инспекторат. Познато е дека  доколку инспекторот не излезе на терен и не одговори на барањето,  тогаш директорот треба да наложи да се направи тоа. Лично и јас имам увид во тоа дали излегуваат на терен и дали тоа го прават селективно. Секој инспектор има и лап топ, ја намалуваме употребата на хартија. Граѓаните има пристап и до министрите или до овластено лице, но ретко доаѓаат поплаки до министри,  најголем дел од поплаките доаѓаат до прво ниво“   рече Иво Ивановски.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември