08 Декември, 2025
0.0287

Од март сите државни инспекторати се приклучуваат на Е-инспектор

Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2024 12:49

Добивај вести на Viber

По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од наредниот месец сите останати инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг за новинари, кој го одржаа заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  Рената Младеновска.

Имајќи предвид дека една од примарните цели на дигитализацијата на овие процеси е јакнење на антикорупциските механизми, вицепремиерката Грковска истакна дека инспекторите се лицето на институцијата, затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните, и во таа насока,  зголемувањето на контролата и поголемата ефикасност и ефективност во работењето, скратувањето на времето за вршење инспекциски надзор и поголемата транспарентност е важно за јакнење на интегритетот на службениците, за индивидуализирање на одговорноста, но и за подобрување на генералната перцепција за корупцијата на сите нивоа.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска изрази задоволство што пилот- проектот за модернизација на инспекциските служби, кој започна во 2021 со поддршка на УСАИД, а во кој беа вклучени Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, продолжи во насока на развој на овој систем и на останатите инспекторати. Со поддршка на Европската банка за обнова и развој, од крајот на март 2024, сите инспекторати кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет ќе бидат дел од Е-инспектор.

Дополнително, овој проект ќе продолжи кон целосна дигитализација на инспекциската постапка, односно, останатите 12 инспекциски служби, кои во овој момент се организирани како внатрешни организациски единици во состав на органите на државната управа, ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем, во зависност од крајниот исход на сеопфатниот процес на реорганизација и оптимизација на јавната администрација, во кој се вклучени и инспекциските служби.

На брифингот беа споделени информации за придобивките од дигитализацијата на инспекциските надзори и искуствата на инспекторатите во секојдневната работа преку овој информациски систем, кој овозможува намалување на бројот на инспекциски надзори и контроли, фер пристап кон субјектите кои ги почитуваат законите, електронско прибавување на сите потребни податоци, скратување на времето на инспекцискиот надзор, како и заеднички и координирани надзори од повеќе инспекциски служби во исто време.

Во прилог ви ја доставуваме деталната информација за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Е-инспектор, која денеска беше презентирана на средбата со новинари во Инспекцискиот совет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село