13 Декември, 2024
0.1181

Од политичка кома до најголемиот камбек - Клучни фактори за победата на Трамп

Објавено во: Свет 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп беше прогласен за политички мртов во 2021 година кога толпата демонстранти упадна во Капитол Хил на 6 јануари, денот кога во Сенатот беше потврдена победата на Џо Бајден, а неговиот потпретседател Мајк Пенс одби да ги оспори изборните резултати.

По насилството извршено во највисокиот дом на демократијата во САД беше сосема извесно дека Трамп повеќе нема што да бара на политичката сцена и голем дел од неговите поддржувачи во Републиканската партија целосно се дистанцираа од него.

Заканата од затвор ја оживеа МАГА

Но, како тоа да не беше доволно, судските власти се обидоа преку низа случаи да го сместат зад решетки, еднаш и засекогаш да го направат првиот американски претседател кој одлежал затворска казна.

Како што се таложеа обвиненијата против Трамп, така се враќаше поддршката за некогашната МАГА политичка ѕвезда, а неговото движење излезе од политичката кома. Треба да се потсети дека до овој момент Трамп имаше серија на изборни порази, па освен Бајденовиот триумф, Демократите успеаја да ја вратат контролата во средишните избори во 2018 и 2022 година.

Судските пресуди беа само првиот фактор во оживување на политичката кариера на Трамп. Тој беше првиот кандидат кој најави дека повторно ќе се трка за номинацијата на Републиканската партија, иако таму се соочи со силна конкуренција од Рик ДеСантис и Ники Хејли.

Катастрофалната дебата на „Заспаниот Џо“

Актуелниот американски претседател Џо Бајден ќе може да се пофали како единствениот кој успеал да го порази Доналд Трамп и долго време на тоа ја базираше кампањата за реизбор. Но, годините полека го стигнуваа Бајден чии јавни гафови го достигнаа врвот со настапот на првата претседателска дебата.

Тоа беше последната капка која ја прели чашата на Демократите, кои и покрај тоа што партиските избори беа завршени, решија да ја наградат Камала Харис со номинација за претседателски кандидат.

Вицепретседателката во текот на нејзината кампања не успеа доволно да се дистанцира од Џо Бајден и така гневот кон неговите политики се префрли и врз нејзината кандидатура.

Милиметрите кои го спасија животот на Трамп

Првиот обид за атентат врз Доналд Трамп на изборен митинг непосредно пред одржување на Конвенцијата на Републиканската партија судбински ги дефинираше овие избори.

Милиметри фалеа Трамп да биде фатално погоден во главата и најверојатно убиен, но атентаторот промаши. Трамп стана на бината со стегната тупаница, додека крвта течеше низ неговото лице и го создаде моментот за историја повикувајќи ги неговите поддржувачи да продолжат да се борат.

Вториот обид за атентат во непосредна близина на голф теренот каде престојуваше Трамп само го зголеми нивото на симпатии кон кандидатот и обичниот американски граѓанин јасно застана зад него, како политичар кој е несопирлив и покрај сите обиди за негово отстранување.

Генијалната кампања од „Комуналец до МекДоналдс“

Додека демократите и мејнстрим медиумите ги пласираа анкетите во кои наводно Камала Харис водеше, Трамп и неговиот тим егзекутираа генијална кампања, доближувајќи се до гласачите во клучните сојузни држави и паметно ги користеа сите киксови на противникот.

Така Трамп изработи една смена во ресторанот за брза храна „МекДоналдс“ потсмевајќи се со тврдењата на Камала дека како млада работела токму таму.

Потоа Трамп се појави во ѓубретарска униформа и држеше прес-конференција од камион за собирање смет по неумесните коментари на Џо Бајден дека неговите поддржувачи се „ѓубре“.

Трамп и неговите сурогати беа посветени на две клучни прашања кои беа важни за американските гласачи, а тоа се високата инфлација и слаба економија и проблемот со масовната миграција. Во спротивност, Камала немаше централна порака и визија во кампањата, освен дека „Трамп и неговите симпатизери се нацисти“ и зло и закана за американската демократија.

Милоста на милијардерите

За крај, тука се и милијардите кои ги вложија технолошките барони, предводени од Илон Маск, најбогатиот човек на светот.

Овие избори беа и директна битка помеѓу две крила на технолошки босови од Силиконската долина. Едната група ја води Илон Маск, сопственикот на Тесла, Спејс Екс, Х (Твитер) и Старлинк, а другата ја водеа милијардерите Марк Кјубан и Бил Гејтс. Ова се и најскапите избори во историјата на САД со потрошени над 14 милијарди долари во официјални донации за кандидатите.

Маск успеа да ја спроведе својата одмазда против Бајден и демократите кои од нивна главна ѕвезда во минатото го прогласија за главен идеолошки непријател. Исто така Марк Цукерберг ја откажа „љубовта“ кон Камала Харис и одби да донира пари, додека пак неговите социјални мрежи беа „неутрални“ во изборниот процес. 

Х.С. 

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

ВО МОСКВА: Украински агенти го убиле креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“?

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

АСАД ОСТАВИ ВОЕНА ОПРЕМА: Израел пеплоса 80 oтсто од неа

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Бројот на убиени Украинци и Руси е прилично изедначен

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТРАМП: Нема да ја напуштам Украина

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

ТАЈНИ СМЕТКИ, ИМОТ, АКЦИИ: Колку „тежи“ семејството на Асад?

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

БИЛА ПРЕМНОГУ СОВЕТСКА: Земја сојузник на Русија ја менува химната

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

(ВИДЕО) ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО ЧЕЧЕНИЈА: Кадиров им се закани на Украинците

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија

„ЗАПАДОТ МОЖЕ ДА ЈА ЖРТВУВА УКРАИНА, КАКО ЧЕХОСЛОВАЧКА ВО 1938 ГОДИНА“: Фицо е убеден дека Украина е жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија