Од понеделник Бугарија е во 10-дневен карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Март, 2021
Бугарија влегува во 10-дневен карантин.
Државата ќе ги затвори училиштата, рестораните и трговските центри на десет дена почнувајќи од понеделник, како дел од борбата против ширењето на заразата со коронавирусот. Во изминатите 24 часа имало 136 смртни случаи поврзани со ковид-19. Досега земјата, со седум милиони луѓе, пријавила вкупно 291.769 случаи на коронавирус и 11.715 смртни случаи. Бугарските болници и служби за брза помош се на работ на издржливост поради наглото зголемување на бројот на заразени. На многу места, болниците се реорганизираат за да се создадат повеќе одделенија за пациенти со коронавирус. Бугарија се бори со третиот бран на пандемијата по олеснувањето на рестриктивните мерки на 1 март.
Областите најпогодени од пандемијата се градот Софија и регионот Бургас на Црното Море.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.