Од производство на калинки може да се живее, но под еден услов
Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2019
Oд производство на калинки може да се живее, но само ако се обезбеди пласман на производите надвор од државата.
Од еден хектар со квалитетна калинка може да се обезбеди егзистенција, вели Игор Павлов од Валандово.
„Ако има откуп може да се живее од калинки. Калинката е најчисто овошје, не се прска. Калинката во Валандовско постои уште од нашите дедовци и прадедовци, а имам стари, но и нови насади. Задоволен сум од родот, но не и од откупот. Овде во Валандовско немаме откупен центар ниту гарантиран пласман. Проблемот е што по ветувањето на секоја влада за некакви фабрики за сок за калинка и откупен центар, тоа уште го чекаме и никако да го дочекаме. Нашиот град е познат по калинката, но никој не презема ништо во врска со нејзиниот пласман. Овде луѓето се мачат, продаваат по улици и диви пазари, за 20 или 30 денари, а знаејќи за какво овошје станува збор, тоа воопшто не е добро“, вели тој.
Павлов смета дека доколку се отвори откупен центар и се отвори фабрика каде калинките ќе се преработуваат, проблемите на граѓаните ќе бидат решени, а градот ќе блесне во сиот свој сјај.
„Доколку тоа се случи, ќе има и нови насади и проширување на површините“, вели Павлов.
Додава дека пласман треба да се гарантира и за јапонското јаболко, кое се одгледува во Валандово.
„Јас во Базел во Швајцарија сум видел дека пола калинка, ронени зрна во чаша чинат 6.40 франци“, додава тој.
Во Валандовско виреат и се садат повеќе од шест различни видови на калинки. Калинките имаат широк спектар на лековитост. Сокот од ова овошје содржи големо количество на антиоксиданси, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.