Од СДСМ Куманово негираат дека се тепале на вчерашниот протест
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 13:55
Ниту имало физички контакт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт“ – вака денеска реагираше првиот човек на Општинската организација на СДСМ во Куманово, по вчерашниот инцидент на протестот кој го организираше иницијативата „За заедничка Македонија“.
Вчера на самиот протест дошло до инцидент пред зградата на поранешен Комитет каде излегувал Костовски. Очевидците обвинија дека тој нападнал тракторист кој бил учесник во протестот, меѓутоа денеска претседателот на локалниот огранок на партијата вели дека информациите биле спинувани од медиумите и дека не дошло до физичка пресметка.
- На синоќешниот протест еден од учесиците кој возеше трактор се обиде да ме испровоцира при моето поминување на улицата, претпоставувам дека намерата му била да изреагирам бурно со што би дошло до некаков физички контакт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад ако нема физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само вербална расправа помеѓу мене и протестантите и ништо друго. Најмногу лично што ме повреди е умоболната лага на режимските медиуми дека сум пцуел „мајка македонска“. Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, роден и образован во држава која ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава јас сум горд Македонец, потенцира Костовски.
Тој вели дека не бил приведен, туку повикан на разговор во СВР Куманово каде сам се појавил, дал исказ и потоа се вратил дома.
За наводниот инцидент бил информиран и градоначалникот Зоран Дамјановски кој побара смиреност кај граѓаните.
- Апелирам до граѓаните да останат мирни и ги замолувам да не подлегнуваат на провокации, право на демонстрирање е демократско право на сите и јас го подржувам тоа, меѓутоа ненасилни и милитантни изјави какви секој ден гледаме. Ќе апелирам моите сопартијци да останат мирни, да не доаша до исплив на емоции, бидејќи сите сме набиени и поларизирани со емоции во двете насоки, на некој начин власта во заминување успеа, бившиот премиер Груевски да ја наметне рекотираката на етношовинизмот и тоа кулминира и Македонија не ја води во добра насока – рече Дамјановски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




