Добивај вести на Viber
Со секое купено Битолско трајно млеко се одвојуваат по два денари кои ќе бидат донирани во заводот за деца и млади “Топанско поле“ и заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола - ова е новата хуманитарна акција на „Бимилк“ и „Тинекс“.
Собраните средства од продажба на Битолско трајно млеко (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со десет витамини или Битолско light млеко 0,9%) месецов ќе бидат искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби.
Оваа е трета голема донаторска акција која е дел од платформата на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“ која се надоврзува на успешната акција која беше организирана минатата година во периодот од 24 октомври до 17 ноември и во која за потребите на ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ беа донирани кревети и душеци.
Целта на оваа акција е да се поттикне хуманоста и несебичната поддршка за децата и младите со посебни потреби како особено ранлива категорија во општеството, а самите потрошувачи, купувајќи ги прозводите на Бимилк во супермаркетите Тинекс, активно ќе придонесат за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби. Двете компании и во иднина најавуваат слични хуманитарни акции.