22 Јануари, 2025
0.1811

ОД ШПОРЕТИ ДО ШИШИЊА: Што се најдоа нуркачите од Акватек на дното на Охридското Езеро?

Објавено во: Македонија 09 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Бојлери, шпорети, стакло, градежен шут, лименки, шишиња, пластични предмети, покуќнина, када, вреќа со плочки, кеси од чипсови, кошеви од игралишта, се најдени на дното од Охридското Езеро, велат од нуркачкиот клуб Акватек од Охрид.

Отпад е најден на многу фреквентни локации, и на дивите плажи има отпадоци, но многу помалку за разлика од местата каде дневно поминуваат многу луѓе.

Од клубот Акватек објаснуваат дека туристите се загрижени за ваквата состојба и постојано им праќаат фотографии од локации каде има отпадоци. Оваа појава трае повеќе години. Од Акватек ги објавуваат фотографиите со надеж дека ќе се подигне свеста кај населението.

„Некои од туристите се загрижени и почнаа да ни праќаат фотографии од мини депонии низ крајбрежјето, почнаа дури и да се организираат за еко акции во раните утрински часови. Проблемот е во нас луѓето и во локалното население, свеста е на многу ниско ниво. Наше е да фотографираме, анализираме, и нормално да чистиме и да го чуваме езерото. Се надевам дека со нашите фотографии и еко акции ќе ја подигнеме свеста повеќе да го цениме и чуваме Охридското Езеро затоа што тоа не е само наше“, вели Никола Паскали од Акватек, кој е дипломиран археолог со специјалност подводна археологија.

Тој вели дека Охрид трпи штети и го изгуби имиџот поради ваквите состојби. Паскали  додава дека локалното население ја коментира оваа негативна појава, но сепак охриѓани се тие кои фрлаат отпад во езерото. Вели дека при секое влегување во езерото чистат отпадоци затоа што им е срам од туристите кои со нив нуркаат.

„Имиџот на Охрид е веќе срушен, во Охрид дури нема традиционални охридски специјалитети, чаршијата и крајбрежјето се непрепознатливи, а еве како археолог ќе кажам дека Охрид нема уреден археолошки локалитет отворен за туристи, иако ги има во голем број“, додава Паскали.

Српски турист неодамна на социјалните мрежи се пожали дека има отпадоци на многу места и дека е срамота тој да ги собира.

„Не треба едукација туку треба казни. Редарите и комуналните инспектори да бидат постојано на терен и да казнуваат. Како што се работи во Европа, така треба и овде. Срамота е во 21 век да одат фекалии во езерото, тоа е неприфатливо, а знаеме дека луѓе од цел свет доаѓаат поради тоа езеро. Прво треба од тоа да се почне“, вели Јордана Калајџиеска, екологист.

УНЕСКО им даде рок на македонските власти до февруари следната година да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства. Ова беше одлучено на 43. сесија што се одржува во Баку, Азејберџан.

Власта до 1 февруари 2020 да поднесе до Комитетот за светско наследство нов извештај за зачувување на имотот, за испитување од Комитетот за светско наследство на 44-та сесија во 2020 година, со можност, во случај да се утврди опасност на нејзината унверзална вредност, да се вметне во листата на Светско наследство во опасност.

Сања Атанасовска

фото Акватек

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА: „Наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?